Утрински Весник
Македонија

Левица: Власта изгласа продолжување на мандатот на судиите со 2 посто доверба

Sud.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Интегрален текст од соопштение на јавност на Левица:

На вчерашната собраниска седница, владејачкото мнозинство во скратена постапка усвои скандалозни измени на Законот за работни односи, кои ќе ја продлабочат очајната состојба во правосудството. Односно, со донесените измени се поместува старосната граница за пензија од 64 на 67 години за избраните и именуваните функционери, по нивно барање.


Под изговор дека оваа потреба произлегува поради дефицитот на кадри во правосудството, ДПМНЕ дефакто ќе им го продолжи мандатот на нивните судии од “тефтерчето” за уште 3 години, а довербата во правната држава ќе продолжи да тоне. Лицемерието на власта е евидентно, која секојдневно обвинува дека судиите и обвинителите не си ја вршат својата работа. Наместо суштински реформи кои ќе ја зајакнат одговорноста на судиите и обвинителите (кои и сега уживаат силна правна заштита) – сведочиме зголемување на нивните привилегии.

При јасна недоверба во судството, власта на Мицкоски со ова докажува дека им го продолжува периодот за уживање на привилегиите од корумпираниот систем на избраните и именувани лица до навршени 67 години.

Потсетуваме дека пратеничката група на Левица поднесе предлог-закон за кривична одговорност на судиите, бидејќи цениме дека огромната заштита која ја уживаат судиите е една од главните причини за силната корупција во правосудството. Апелираме до партиите од власта наместо да го продолжуваат мандатот на корумпираните судии, истите да го поддржат законот на Левица и конечно судиите кривично да одговараат, наместо да бидат заштитени од системот при нивното катастрофално работење.

Можете да прочитате

(Фото) Скопје ја дочекува Новата 2026 година со полн плоштад

Принцеза ја отвори 2026 година на ГАК

Мицкоски и Ѓеорѓиевски ја дочекаа Новата година со граѓаните на плоштадот во Скопје