Утрински Весник
Македонија

Левица: Власта го одби нашиот амандман за квалитетен топол, бесплатен или субвенциониран оброк за основните училишта

Levica Logo Crveno Transparent.png

Соопштение за јавност на Левица:

Пратеникот од Левица, м-р Реџеп Исмаил, поднесе амандман со кој се бара издвојување пет милиони евра во буџетот за 2026 година, со цел да се започне пилот-проект во, за почеток, најмалку 20 основни училишта. Со овие средства би се изградиле училишни кујни и кантини каде би се подготвувало и служело топол, бесплатен и нутриционистички избалансиран оброк за секое дете. Оваа мерка е замислена во координација со Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство, Министерството за земјоделство и локалните самоуправи.

Левица постојано алармира дека ваквите услуги не смеат да бидат препуштени на приватниот сектор, каде профитот секогаш стои пред здравјето на децата. 

Податоците се застрашувачки: 30% од децата од 6 до 9 години имаат зголемена телесна тежина, а 32% живеат под националниот праг на сиромаштија. Тоа значи дека илјадници деца се оставени без пристап до здрав, топол и нутриционистички избалансиран оброк, што директно влијае врз нивниот раст, развој и успех во училиштето. Токму затоа Левица предложи пилот-програма во најмалку 20 основни училишта за да се воспостави модел што е државно организиран, строго контролиран и насочен кон заштита на најмладите.

Овие програми одамна функционираат во земји како Финска, Словенија и Хрватска, каде резултатите се исклучително позитивни.
Иако Левица смета дека Македонија итно мора да го запре трендот на лоша исхрана кај најмладите – власта предводена од ДПМНЕ ноншалантно го одби и овој амандман.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова се сретна со црногорскиот претседател Милатовиќ

Повторно прегазен пешак во Скопје

Муртезани: Работиме на враќање на довербата со Софија