Утрински Весник
Македонија

Левица: Власта да не чека уште еден фемицид – веднаш да го поднесе предлогот што го отфрли пред шест месеци

Levica.jpg

Соопштение на Левица:

Црната хроника на фемициди и семејно насилство повторно ја разбуди јавноста, но за жал, повторно предоцна. Уште едно убиство на жена беше потребно за властодршците од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ да сфатат нешто што Левица алармираше уште лани: дека е неопходна измена на Кривичниот законик со која телесната повреда при семејното насилство и насилството врз жени ќе се гони по службена должност, а не исклучиво по предлог на жртвата.


Левица оваа суштинска и животозаштитна измена ја предложи во ноември 2024 година. Но тогаш, парламентарното мнозинство заслепено од ароганција и партиски суети – го отфрли предлог-законот, етикетирајќи ја Левица како „популистичка”. 

Истата оваа власт, која без проблем турка обемни и системски закони по скратена постапка, сега, иако најавија ‘ургентни’ измени на Кривичниот законик за конкретната цел – постапката според која го најавуваат законот претставува долга процедура. Според она што го најави министерот за правда Филков, процедурата опфаќа  подготовка, консултации, објавување на ЕНЕР и течење на рокови, владини седници, мислења за да стигне до Собрание на седница, а потребната измена се однесува на бришење на буквално пет зборови во член 130, став 5 од Кривичниот законик. Како шо тргнале можда и по редовна постапка да го стават со три читања.

Постапките на оваа власт укажуваат на институционална незаинтересираност што граничи со политичка некрофилија – чекање нова жртва за да воопшто се мрдне со прст. Ниту има превенција, ниту има навремено дејствување – се дејствува дури по трагедија, ако воопшто им текне да дејствуваат.

Доволна беше глумата дека измислиле топла вода – апелираме до власта веднаш, без одлагање, да ја поднесе изменита која Левица ја подготви и предложи пред шест месеци, а која тие ја отфрлија.
Ситуацијата е алармантна и недозволиво е да се чекаат уште трагедии.

Можете да прочитате

Арената „Тоше Проески“ се најде на листата меѓу топ 10 стадиони на Балканот

Првата линија од „Градски воз” можно е да профункционира до крајот на годинава

Таравари: Распишувањето на предвремени избори зависи од ВМРО-ДПМНЕ