Утрински Весник
Скопје

Левица: Учениците  во училници без парно, градоначалникот Митевски си тера фотосесии

Img 1307.jpeg

Соопштение за јавност на Левица:

До Левица Аеродром пристигнаа поплаки од родители на ООУ „Ѓоргија Пулевски” дека учениците од трето одделение почетокот на второто полугодие го започнале со следење на настава во ладна училница, премрзнати и со јакни. Како што стои во поплаката, состојбата се влече уште од првото полугодие но надлежните, иако помина цел распуст, не ги поправиле расипаните радијатори. Дополнително на тоа ѕидот на училницата е полн со влага и мувла што претставува закана по здравјето на децата.

И додека учениците се мрзнат, градоначалникот Дејан Митевски почетокот на второто полугодие го започна со нови фотосесии и промовирање на нови „успеси” на локалната власт. Од успесите издвојуваме дека со години се бара да се постават табли на кошевите на спортското игралиште зад училиштето, но општината упорно останува глува на апелите.

Левица секогаш стои зад барањата на учениците и родителите за овозможување безбедни и достоинствени услови за образование на децата. И натаму ќе се бориме и алармираме за сите неправилности и ќе бараме од локалната самоуправа и градоначалникот да обезбедат нормални услови за работа и образование на учениците наместо да се сликаат и самовеличаат за сопствените „успеси”.

Можете да прочитате

Герасимовски: Отворен конкурс за проекти што носат нова енергија на културната сцена на Општина Центар

Герасимовски: Годинава стартуваме нови проекти со пензионерите, „Носталгија за корзо“, екскурзии, едукативни работилници и Спортски игри 2026

Почнува целосна реконструкција на улицата „Перо Наков“