Утрински Весник
Македонија

Левица: Тошковски наместо да обвинува треба да одговори дали има пропусти при рацијата

Levica.webp.webp

Соопштение на Левица:

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, наместо да дава одговори пред јавноста за дилеми кои оправдано се наметнуваат околу истрагата за дискотеката „Пулс”, тој посегнува по евтини политички манипулации, обвинувајќи ја опозицијата за настани што се резултат на длабока човечка болка и барање за правда. 


Имено, едно од клучните прашања кое остана неодговорено е зошто оперативната акција кобната вечер започнала дури во 2:30 часот?! Дел од информациите се дека таа вечер имало насока од Бирото за јавна безбедност (БЈБ) за оперативна акција низ повеќе дискотеки во Македонија од 1 часот. Но, одговорните лица за територијата на Кочани одлучиле прво да вршат рација во кафич во населбата Оризари, наместо веднаш да се упатат кон дискотеката каде имало високофреквентен настан, со присутни млади од повеќе градови во Македонија. 

Надвор од сите безбедносни процедури и проценки е оперативната акција да започне пред самиот крај на настанот. Дел од дежурните на смена кобната вечер во ОВР-Кочани важат и за партиски активисти на актуелната влада, што фрла одредени сомнежи врз селективноста на истрагата. Сведоци говорат и дека рацијата пристигнала пред дискотеката „Пулс” во 1:30 часот, но дури еден час подоцна влегла во дискотеката. 

Јавноста оправдано бара одговори за огромната трагедија која настана поради низа системски пропусти, но министерот Тошковски наместо професионално известување, шири лажни тези за манипулација, со цел да го угуши оправданиот револт. 

Скандалозни, навредувачи и дегутантни се изјавите на Тошковски дека и протестите на семејствата биле организирани од опозицијата. Министерот Тошковски треба да се запраша: зошто овие луѓе немаат доверба во институциите? Обидите за дискредитација на родителите и нивната болка се врв на политичка безобразност. 

Неселективна истрага за оваа трагедија мора да има и затоа не смее да се штитат и актуелните началници и полициски службеници кои биле одговорни за спроведувањето на оперативната акција кобната вечер. И покрај сите обиди на власта да ја угуши секоја критика, Левица ќе продолжува да бара одговори, со цел ниту еден одговорен да не биде заштитен заради неговата партиска припадност.

Можете да прочитате

Таравари пред средбата со Мицкоски: Ништо посебно, АА ќе има сопствени советнички листи и најверојатно сопствени кандидати за градоначалници

УХМР со најава за цела недела: Облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и грмежи

Мицкоски: Исплатени се околу 50 милиони денари на оризопроизводителите