Утрински Весник
Македонија

Левица: Тошковски да каже како фирми со блокирани сметки и обвинувани за криминали добиваат тендери

Levica.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Соопштение на Левица:

Помина цел месец откако Левица ја алармираше јавноста за тендерот склучен помеѓу Министерството за внатрешни работи, предводено од Панче Тошковски, и фирмата „Дон Холдинг” – компанија која во минатото беше мета на жестоки прес-конференции токму од ДПМНЕ. Истата таа партија тогаш го повикуваше обвинителството да отвори истрага поради сомнежи за криминални зделки и блиски врски со поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров од СДСМ.


Еден месец Тошковски, МВР и ДПМНЕ молчат зошто наместо МВР под раководство на Тошковски да ги истражи скандалозно доделените тендери од СДСМ на оваа компанија – сега неговото министерство повторно ги склучува истите сомнителни тендери со „Дон Холдинг” во висина од 500.000 евра.

Тошковски молчи и за скандалозниот тендер за кој обелоденивме пред два дена, а кој се однесува на договор вреден 18.821.466 денари, склучен со битолска компанија ММ ПАК ЕЛПЕНИК ДООЕЛ – компанија со блокирани сметки. 
Оваа компанија со пет вработени треба да ги опреми одморалиштата на МВР со спален и кујнски инвентар.
Како што истакнавме и претходно, цените на артиклите предвидени за набавка се астрономски, односно наместо да се пониски како набавка на големо – МВР од народниот буџет ќе плаќа неколкукратно повисоки цени дури и од она што граѓаните во можат да го најдат и купат од рафтовите во продавниците.

Кога СДСМ и ДПМНЕ ќе се обединат со исти компании обвинувани за криминал, како што е случајот со „Дон Холдинг” – тоа е јасен показател дека нема разлика помеѓу лукративните интереси и расипничкото работење на овие две партии.
Воедно, го советуваме Тошковски да ги извади розовите наочари и да престане со смешното мантрање на зборот „реформи” бидејќи реформите се незабеележливи ниту во однос на тендерите, а не пак на терен.

Можете да прочитате

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе

Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа кај Брвеница