Утрински Весник
Македонија

Левица: Тајни средби меѓу Мицкоски и Ковачевски за исполнување на Софиската платформа

Мицкоски до Ковачевски: Го вовлекуваш своето семејство во политички невкусни шеги, државата се распаѓа

Левица тврди дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и премиерот Димитар Ковачевски тајно разговарале за промена на Уставот според хрватскиот модел.

dobivaj vesti na viber

Овие информации, како што велат, им пристигнале од луѓе на високи позиции на ВМРО-ДПМНЕ.

„ Под нов превез се засилуваат обидите на странските структури за окончување на промената на Уставот преку разни политички чинители, за расчеречување на македонските национални одлики, историја и посебност, за субверзија на народниот суверенитет изразен во институциите и конечна парализа на државата преку навлегување на бугарските служби во општествено-политичкиот живот. До нас пристигнуваат информации од луѓе на високи позиции во ВМРО-ДПМНЕ, за наводни разговори помеѓу Христијан Мицкоски и Димитар Ковачевски во посредништво на структури од соседна Бугарија кои кулминираат со најновата понуда за промена на уставот според хрватскиот модел.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку лагата за безболен “хрватски модел” за менување на Уставот, обелодени дека совршено се вклопува во крајната цел на сегашниот неизбран премиер Димитар Ковачевски и пробугарската СДС“ велат од Левица.

Оттаму додаваат дека народот одлучно кажал не за бугаризацијата на Македонија преку т.н. француски предлог и го искажал својот пркос за задржување на цивилизациското право на самоопределување.

„ Вистината е дека, со овој модел се исполнува Софиската платформа. Како тројански коњ, овој модел води кон повторно наметнување на францускиот предлог низ работните групи. Затоа, учеството во овие работни групи е знак на предавство“ соопштија од Левица.

Според партијата, компромис не смее да има.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег