Утрински Весник
Македонија

Левица: Соработник на Курти ќе биде вицепремиер во Владата на ДПМНЕ

Img 20240627 144538 955.jpg

Арбен Фетаи – поранешен соработник на косовската Влада, е избран за Вицепремиер за Добро владеење од страна ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, на предлог од необалистот Арбен Таравари.

 Неговите професионални ангажмани никогаш не биле поврзани со Македонија, а на јавноста ù е познат по долгогодишното работење за косовскиот премиер Албин Курти, кој е отворен промотор на великоалбанската идеја.

Парламентарниот состав на ДПМНЕ за Вицепремиер избра кадар кој не знае македонски јазик, ниту пак живее во Македонија! Професионалната политичка кариера на Фетаи секогаш му била врзана за интересите на косовските Албанци, додека националистичките политики секогаш ги водел заедно со најголемиот промотор на великоалбанската идеја, којшто минатата година вееше вакво знаме во Тетово – Албин Курти.

Кадровски решенија за кои сведочиме изминативе денови, не можат да се гледаат поинаку, освен како кадровски адути кои треба да ја спроведат т.н. Косовска платформа! 

Сѐ поочигледно е дека функционерите донесени на власт се стремат да ја нормализираат горе споменатата необалистичка реторика и спроведуваат иредентистичка политика со одредени европски примеси, кои овде се „претставуваат” како некаква вредност.

Токму ваквата реторика е намерена во дискурсот да ја придвижи идејата за федерализација на државата! Целта за поткопување на унитарниот карактер на државата, оди паралелно со притисоците од бугарска страна, а ваквиот избор на кадровски решенија се само машата преку која се насочува реализацијата на погубните политики кон Македонија, кои надворешни центри ги спроведуваат преку директна партиципација во новиот владин состав. 

Сметаме дека кадровските решенија кои поседуваат државјанство на друга држава, можат да бидат закана за државните и национални интереси на Македонија! 

Ја потсетуваме јавноста дека Левица во својата програма се залага лица со две или повеќе државјанства да не можат да бидат кандидирани, бирани или именувани на било која јавна или раководна функција, во сите нивоа на централната и локалната власт, токму за спречување на вакви политички појави!

Можете да прочитате

Албанската агенција за статистика го корегираше „Северномакедонци“ во „Македонци“

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Од Сахара во Македонија во понеделник и во вторник повторно пристигнува облак од прашина и песок

Времето утре сончево и многу топло со температури до 38 степени