Утрински Весник
Македонија

Левица: Првата рунда добиена – Законот за работните односи останува блокиран

Левица: Првата рунда добиена – Законот за работните односи останува блокиран

„Денес повторно беше одложена расправата по измените за 60-часовна работна недела!“-известуваат од Левица.

dobivaj vesti na viber

„Поднесените 1.111 амандмани на Левица ја одложија седницата на Комисијата за труд и социјална политика на неодредено и со тоа го спречија скандалозното носење на новиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за работни односи, со кои се воведува корпоративен феудализам“, велат оттаму.

„Остатокот од опозицијата, конкретно пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ денеска на Комисијата јавно кажа дека од нивна страна активна блокада нема да има. Оваа партија поднесе само ДВА амандмани против ваквите скандалозни измени“,  стои во соопштението на Левица.

Како што посочуваат од партијата, кога и да се закаже продолжението, нивните двајца пратеници остануваат да се борат до крај.

Можете да прочитате

Пет лица повредени во сообраќајка кај Зајас

Малолетници без возачка возеле мотоцикли без ознаки, не застанале на знак за сопирање

Човечки труп пронајден во Вардар кај Демир Капија