Утрински Весник
Македонија

Левица: Пратеничко прашање од Мојсоска до Алиу за недостиг за лекот за хемофилија

Levica.jpg

До министерот за здравство – Азир Алиу поднесов писмено пратеничко прашање во врска со недостигот на лекот за лицата со хемофилија.

Лицата со хемофилија повеќе од шест месеци (ЗА ПРВ ПАТ!) се соочуваат со сериозен недостиг и редуцирана количина на лекот “фактор 8”, кој е неопходен за нивно нормално функционирање. Дел од лицата кои реагираа до мене истакнаа дека со месеци се врзани во кревет, затоа што не ја добиваат потребната количина на лекот.

Дел од нив вината ја лоцираат во директорот на Институтот за трансфузиона медицина, за кој Левица претходно алармираше дека е незаконски поставен, без да ги исполнува потребните услови. Иако уште пред 2 недели беше најавено дека ќе се обезбеди лекот, лицата со хемофилија сè уште ги немаат добиено потребните количини.

Не смее здравјето на граѓаните да биде загрозено поради бирократски процедури, неспособност на одговорните лица или поради тендер-шеми на приватните дистрибутери. Левица ќе бара лоцирање на одговорност за овој сериозен пропуст, поради кои лицата со хемофилија со месеци се оставени во неизвесност дали ќе ја добијат соодветната терапија.

Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица 

Можете да прочитате

Јаневска: Не верувам дека се заобиколени процедурите за постапување во случајот со мозочните ткива

,,Моето дете е во гроб” – емотивни сцени и прекин на судењето за пожарот во ,,Пулс”

Реформска агенда и европскиот пат: Владата го презентираше напредокот пред ЕУ амбасадорите