Утрински Весник
Економија

Левица: Погрешните владини политики доведоа до највисока стапка на инфлација во регионот

Левица: Погрешните владини политики доведоа до највисока стапка на инфлација во регионот

„Македонија е лидер во регионот според стапката на инфлација, како резултат на недостигот на владини мерки, со што основните прехранбени производи добиваа нови повисоки цени. Во октомври беа измерени неверојатни 19,8 отсто. Македонија има највисока стапка на инфлација во последните 25 години, при што поголема инфлација забележана е само во првите години од осамостојувањето“ соопштуваат од опозициската партија Левица.

dobivaj vesti na viber

Оттаму посочуваат дека „годишната стапка на инфлација во јануари 2023 година изнесува 17,1 отсто. Највисока е за храната и безалкохолните пијалоци 25,1 отсто, со што директно се погодени најранливите категории на граѓани. Иако владата оптимистички го проектира Буџетот за 2023 година со стапка од 7,1 отсто, цените не стивнуваат, а животниот стандард на граѓаните и реалната куповна моќ и понатаму опаѓаат“.

„Минатата година бевме сведоци на несекојдневни случувања. Цената на струјата и гасот на светските берзи се намалуваа, а цените на производите кај нас секојдневно се зголемуваа. Владата одлучи да субвенционира електрична енергија за компаниите кои произведуваат прехранбени производи, но цените на производите во маркетите останаа исти. Згора на се, Владата ја укина и мерката со која дел од основните прехранбени производи беа ослободени од ДДВ. Народната банка за да ја забави инфлацијата, продолжи со затегнување на монетарната политика, зголемувајќи ги каматните стапки, но со тоа само им овозможи повисоки екстра профити на лихвобанкарите, а народот го плаќа цехот од погубните политики на неспособната власт, со поскапи кредити и повисоки трошоци за основните производи и услуги. Класните разлики и понатаму се зголемуваат, а безимотните, сиромашните и работниците нема да го издржат овој несопирлив ценовен шок“ се вели во партиското соопштение.

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст