Утрински Весник
Македонија

Левица поднесе иницијатива за разрешување на претседателката на ДКСК

Borislav krmov scaled 1.jpg

Пратеникот на Левица Борислав Крмов поднесе иницијатива за разрешување на претседателката на Државна комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, до Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Пратеничката Јована Мојсоска од Левица вчера појасни дека во Законот за спречување на корупција, во член 14, изричито се предвидува дека претседателката на Aнтикорупциска комисија може да се разреши доколку престанат да важат условите од член 11 од истиот закон.


– Во Член 11 се условите кои треба да ги исполнува претседателката на антикорупциска комисија за да стане претседател на ДКСК. Меѓу условите во член 11 е тоа дека не смее да ѝ биде изречена мерка за забрана за вршење на професија. Во овој момент на претседателката на Комисијата, Татјана Димитровска ѝ е изречена мерка за забрана за вршење на професија. Таа повеќе од два месеца не оди на работа и токму тука ја наоѓаме законската основа за да ја поднесеме нашата иницијатива до Комисијата за прашања на изборите и именувањата – рече Мојсовска.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на 18 јули годинава, поднесе обвинителен предлог против претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, која се сомничи дека во периодот од мај до декември 2024 година, на неповикано лице обвинето во предметот „Адитив“ му сторила достапни податоци кои се сметаат за службена тајна. Воедно, на Димитровска ѝ се става на товар и дека незаконски го добила сертификатот за класифицирани информации.

Можете да прочитате

Во Гази Баба се подготвува бетонско чудовиште – барајте од кандидатите нотарска изјава дека нема да го поддржат проектот вели Арсовска

ЦУК: Шест активни пожари и четири под контрола

Каранфилова Пановска: ВМРО-ДПМНЕ не испорача никакви резултати, животниот стандард падна за 20%