Утрински Весник
Македонија

Левица подготвува кривична пријава против Мицкоски, најави Апасиев

Apasiev.webp.webp

Лидерот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев, на својот Фејсбук профил објави дека се подготвува кривична пријава за попречување на правдата која тој му ја најави на премиерот на последната седница за пратенички прашања.

„Правниот тим на Левица ја подготвува кривичната пријава против премиерот Мицкоски, за сторено кривично дело против правосудството – попречување на правдата, казниво по чл. 369-а, ст. 5 од Кривичниот законик. Постојат разумни основи за сомневање дека постапката за разрешување на Јавниот обвинител на РМ е стопирана со цел да се насочи истрагата и, преку владино прикривање и влијание, да се спасат од прогон корумпираните кадри на ДПМНЕ кои биле на функција кога се случил кривично-правниот настан поврзан со пожарот во дискотеката во Кочани“, напиша Апасиев.


Можете да прочитате

Скандал: Го згрижиле бебето на 16 дена, по седум месеци им го зеле и го дале на посвојување во друго семејство

Собранието изгласа двојно повисок праг за набавки без тендер

Тошковски најави дигитализација во МВР