Утрински Весник
Македонија

Левица по третпат бара Надзорна расправа за трагедијата во Кочани – утре на Дневен ред Иницијативата на Апасиев

Levica.webp.webp

Соопштение на Левица:

Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот ќе гласа за третиот обид на пратеничката група на Левица да се одржи собраниска надзорна расправа за трагедијата во Кочани. Како што најави пратеникот и претседател на Комисијата, проф. д-р Димитар Апасиев, оваа расправа е институционална должност кон граѓаните на Кочани и тест за тоа дали ќе надвладее јавниот интерес или, како што напиша, „теснопартиските криминогени рекетарски шеми”.


„Утре е третиот обид на Левица да ги натера бездушните вмроиди на собраниска надзорна расправа за Кочани – која, како институција, им ја должиме на кочанчани!

Дали ќе надвладеат теснопартиските криминогени рекетараски шеми и интереси или јавниот интерес – ќе видиме утре, на гласањето во Постојаната анкетна комисија.
#КорупцијатаУбива” – напиша Апасиев на својот Фејсбук профил.

Претходниот обид за ставање на оваа точка на дневен ред, на 4 јуни, беше одбиен од страна на мнозинството пратеници во Комисијата, составено од ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ. Апасиев тогаш истакна дека Собранието целосно затаило во постапувањето по трагедијата – без одржана комеморативна седница, без анкетна комисија, ниту каква било форма на институционална, политичка одговорност.

„Сметам дека сме останати должни на граѓаните на Кочани. Не можеме како ноеви да ја туркаме главата во песок. Ова е трагедија од европски, па и светски размери, и мора да се види кој и каде згрешил,” порача тогаш Апасиев, нагласувајќи ја и личната поврзаност со Кочани како поранешен асистент и доцент на Правниот факултет во градот и со тоа – познанствата со некои од погодените од трагедијата

Можете да прочитате

Внимавајте утре ќе биде пеколно жешко – Температурите ќе надминат 40 степени

Во мерките и препораките за топлотниот бран спаѓа и обезбедување климатизиран јавен превоз

Левица: Марко Колев го остави Велес без еколошка заштита додека Езерото Младост умира