Утрински Весник
Македонија

Левица: Освен Левица ниту една партија не гласаше Декларацијата за Палестина да се стави на дневен ред

Levica Logo Crveno Transparent.png

Соопштение на Левица:

На последната седница на надлежната собраниска Комисија, пратеникот од редовите на Левица – Реџеп Исмаил побара да се стави на дневен ред предлог-Декларацијата за признавање на Палестина, која шест месеци е заглавена.


За дополнување на дневниот ред со предлог-Декларацијата за Палестина гласаше само пратеникот од Левица, како член на собраниската Комисија! Сите останати пратеници од партиите ДПМНЕ, СДС, ДУИ и ВРЕДИ не гласаа за оваа предлог-Декларација, со што дефакто ја докажаа нивната лицемерност во однос на геноцидот кој се случува врз палестинскиот народ!

Кога голем број европски земји јасно го осудуваат теророт на израелскиот режим, кога дури 70% од државите во светот ја имаат признаено Палестина како држава – македонските партии одбираат да премолчат и да ја одберат страната на агресорот.

Односот кон палестинското прашање е длабоко втемелен во историјата на македонската држава, која почива врз темелите на правото на самоопределување на сите народи и градење мир и сојузи меѓу државите. Срамно и понижувачки е да се гледа како сите партии, освен Левица, блокираат дискусија за палестинското прашање, како прашање кое ги проблематизира основните цивилизациски вредности, каде цивилно население е изложено на брутални воени злосторства од ционистичкиот режим.

Пратениците на Левица ќе продолжат да се борат предлог-Декларацијата за Палестина да се стави на дневен ред, и покрај деструктивните блокади од сите партии, кои одбраа да молчат пред најголемиот и најтраорниот геноцид на нашето време.

Можете да прочитате

СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика – Владата не знае каде тера

Влада: Усвоена е информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите, ќе се градат и реконструираат 30 спортски сали во основните и средни училишта

Се бара жена во Скопје – Последен пат е видена кај Железничка станица