Утрински Весник
Македонија

Левица: Одбиен амандманот за прогласување на Огражден за заштитно подрачје

Levica.webp.webp

Соопштение на Левица:

Со амандманот кој го предложи пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, се бараше да се обезбедат средства за изработка на студија за валоризација на подрачјето на планината Огражден. Целта на студијата беше да се покрене формална постапка за прогласување на Огражден за заштитено подрачје – чекор што би ставил траен штит од опасноста што демне од најавените рудници со отворен коп за металични минерали, кои народот веќе ги нарече „рудници на смртта”.


Во својот говор, Јанчев сликовито ја опиша катастрофата што би можела да го снајде целиот регион: загаден воздух, вода и почва, труење на над 70 живи села во Струмичката котлина, и можност за невидена трагедија ако се реализира планот за изградба на светски невидена брана висока 276 метри за хидројаловиште. „Хидројаловината е композит од отрови, на трудни подрачје, еден малку посилен земјотрес – целата котлина ќе биде затрупана со отрови и тоа ќе не може да се санира илјада години” – предупреди тој.

Иако амандманот беше реален, јасен и во интерес на заштитата на животната средина и здравјето на народот, владејачкото мнозинство предводено од ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ го одби. Така, уште еднаш се покажа дека профитот и туѓите интереси за нив се поважни од животот и иднината на македонските граѓани.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Мицкоски и Филипче е небо и земја, не ја научија лекцијата предавана од народот

Од 45 до 500 евра изнесуваат казните преку „Безбеден град“

„Не се дишеше, беше пекол“ ново сведоштво за трагедијата во Кочани