Утрински Весник
Скопје

Левица обвинува за партиски вработувања во општина Ѓорче Петров

Fb Img 1721307628844.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на политичка партија Левица:

На вчерашната седница на Советот на Општина Ѓорче Петров, ДПМНЕ изгласа Дополнување на Планот за вработување во Општината за 2024 година, со 10 нови вработувања, и тоа: 2 за поддршка на градоначалникот; 4 за нормативно-правни работи, работа со советот и јавни набавки; 1 за финансиски прашања; 2 за урбанизам, инвестиции и комунални дејности; 1 за економски одржлив развој.

Небулозата оди дотаму што заминувањето на двајца административци е причина за десет нови вработувања. 

Бројот на вработени во Општината ќе се приближи до 100, а Општината ќе остане нефункционална. 

Имено, во изминатиот период до нас стигаат поплаки од граѓани за неажурност и недостапност на општинската администрација. 

За нефункционалноста на општинската администрација сведочат и советниците од Левица коишто поради неажурноста и ноншалантноста на партиската војска во Општината, во континуитет се спречени да ги остваруваат своите законски, статутарни и деловнички права како советници.

Нефункционалната Општина е плод на партиски конкурси и нестручни кадри коишто вршат партиски задачи.

Партизацијата на институциите останува и понатаму рак рана на нашето општество и е главна причина за иселувањето на младите кадри кои се жртва на долгогодишниот партиски критериум при вработувањето.

​Моментот кога Левица ќе добие поголема моќ на локално ниво, како единствена партија која се залага за професионална и непартиска администрација со транспарентен процес при вработување – ваквото партиско и крајно недомаќинско натрупување на администрацијата ќе биде целосно ревидирано.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Директорот на ЈСП од СДС, кој потпиша 27 милионски договор за нафта без попуст, да каже зошто автобусуте се палат

СДСМ: Уште еден запален автобус на ЈСП, ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во Скопје

Општина Центар ги засили контролите врз правните субјекти што поставуваат урбана опрема на јавни површини