Утрински Весник
Скопје

Левица: Нашите советници не гласаа за буџетот на Град Скопје

Levica.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје ја информира јавноста дека наводите објавени во дел од медиумите, според кои Буџетот на Град Скопје за 2026 година бил усвоен ЕДНОГЛАСНО, не се точни.

Советничката група на Левица НЕ го поддржа и НЕ го гласаше предложениот Буџет за 2026 година, поради сериозни концепциски, програмски и суштински недостатоци.

Буџетот:
-не нуди суштински одговор на клучните проблеми на градот
-не содржи системски мерки за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните
-oтстапува дури и од предизборната програма на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, со што се потврдува континуитетот на политики без јасна визија и одговорност

Поради сето наведено, Левица принципиелно одби да даде поддршка на буџет кој не претставува развоен документ, туку продолжение на постојните слабости во управувањето со Град Скопје.

Ги повикуваме медиумите да информираат точно и одговорно, а јавноста да биде свесна дека постои јасна и аргументирана опозиција на ваквиот начин на буџетирање.

Буџетот на Град Скопје за 2026 година НЕ е усвоен едногласно.
ЗА Буџетот гласаа советниците на ДПМНЕ, ЗНАМ, Вреди, Дуи и Ристо Пенов!

Советничка група на Левица Град Скопје

Можете да прочитате

Герасимовски: Новитет „центарска картичка”, зголемена поддршка за пензионерите и семејствата, мерки за подобар стандард за 2026

ДОМ: Дислокацијата е стратешка цел, но на Скопје му треба чист воздух денес

Контејнери за текстилен отпад пред сите месни заедници во општина Кисела Вода