Утрински Весник
Македонија

Левица: Министерката Јаневска има намера да го укине бесплатниот превоз за студентите и средношколците

Levica Logo.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Интегрален текст од соопштение за јавност на ПП Левица

Министерката Јаневска продолжува со нејзините крајно дрски и скандалозни изјави. Таа денеска ја дополни оваа низа најавувајќи дека во Буџетот на државата нема пари за бесплатен градски превоз за студентите и средношколците бидејќи не постоело основ за дотација кон град Скопје!

Во Ребалансот изгласан од коалицијата ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ не се предвидени средства за бесплатен градски превоз за младите, ниту пак планираат да го покријат долгот од 8 милиони евра кон градот Скопје, односно кон и така финансиски руинираното ЈСП. Ваквата ситуација сериозно ја доведува во опасност мерката бесплатен превоз за студентите и средношколците која е од витално значење за младите!

Загрижувачка е неинформираноста на Јаневска за постоењето на оваа мерка која датира од 2016 година. Дополнително, министерката крајно дрско и неуко изјави дека ова било ветување кое таа и актуелната владина гарнитура не е должна да го реализира бидејќи не ветувала бесплатен превоз!

Владата која во предизборието ветуваше подигнување на стандардот и сериозен фокус на младите, не само што нема план да го подобри стандардот, туку очигледно започнува и со укинување на досегашните мерки, т.е. штедење и водење каприц на грбот на младите!
Бараме Владата итно да го подмири долгот кон град Скопје за да не дојде до укинување на оваа клучна услуга за младите. Не можеме да дозволиме неинформираноста и политичките игри дополнително да ги загрозат правата и благосостојбата на студентите и средношколците!

Црвена Младина не само што ќе се бори за заштита на веќе постоечките мерки коишто се во интерес на младите, туку и ќе работи на нивно проширување, вклучувајќи воведување на целосно бесплатен меѓуградски превоз за учениците и студентите.

Можете да прочитате

Зимзоленд вечерва затворен за посетители по интервенција на МВР и Општина Аеродром

ДУИ избра нови претседатели на ограноци и партиски функции

Тетовчанец измамен за сума од 3.000 евра преку социјалните мрежи