Утрински Весник
Македонија

Левица: Мециновиќ побара да не се носи Закон за медиуми без дискусија со медиумите – власта одби

Levica.webp.webp

Соопштение за јавност на Левица:

,,Јас барам точката седумнаесет, а тоа е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми во прво читање, да биде тргната од дневниот ред поради низа причини. Пред сè, добро е што воопшто е ставена во редовна постапка. Очекувавме дека ќе оди во скратена постапка, како што досега беше праксата за ова парламентарно мнозинство”, истакна пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, на собраниската седница. 


– Во комуникација со медиумски чинители, сепак, сметаме дека и ова е избрзување на носење на ваква битна материја, затоа што сметаме дека таа треба да ги вклучи сите општествени чинители, кои се занимаваат со оваа материја. Политичките партии, медиумите и граѓанскиот сектор се три одделни елементи во општествениот дискурс. Треба да се рашири дебатата! Затоа, повикувам оваа точка да биде симната и пред неа да претходи опширна и инклузивна јавна расправа во која ќе бидат вклучени тие релевантни фактори на оваа материја – појасни Мециновиќ. 

Од Левица сметаат дека во ова законско решениe има некои опасности што може да се појават. 

– Сметаме дека, апсолутно, е потребна регулација на оваа материја, затоа што, генерално, овие луѓе се оставени без никаква законска заштита. Но, сакам да потсетам дека секогаш кога собранијата пробувале да го регулираат интернетот, тоа е ловење на воздух, затоа што ако има малициозни намери и ако има ресурси за тоа да се направи, на интернетот многу пати може да се заобиколат регулациите – додаде портпаролот на Левица. 

Според Мециновиќ, со овој Предлог – закон се фаворизираат веќе постоечките медиумски магнати и тие кои имаат ресурси да играат околу законите. 

– Наспроти фаворизирањето на постоечките медиумски магнати, искрените портали кои се со помал број на вработени и кои работат на специјализирани теми, како на пример што се: спортските портали, автомобилските портали, религиските портали – тоа се портали за кои не е потребен толкав тим или таква инфраструктура како што се предлага во овој закон. 

Поради наведените причини, пратеникот од Левица повика да биде тргната оваа точка. 

– Сметам дека сѐ додека политичката каста пробува без комуникација со медиумските претставници да го регулира овој простор, многу лесно тоа може да западне во авторитарно однесување кое потоа ќе го гледаме преку негативни последици кои се одразуваат врз совкупниот демократски амбиент во Република Македонија и во ослободувањето на мислата и поткрепувањето на транспарентноста во дискурсот во општеството – појасни Мециновиќ.

Можете да прочитате

Коцевски: Во последните 10 години не е извршен надзор во ниту едно кабаре во цела држава

Централното претседателство на АА на Таравари одржува седница, ќе одлучува како ќе настапи на локалните избори

Приведен командирот на ПС Кочани кој беше разрешен а кој раководел со станицата за време на пожарот