Утрински Весник
Македонија

Левица: Маричиќ продал археолошко наоѓалиште на Анѓушев за поставување на фотоволтаици

Slika 1 24.8.2024 E1724498272378.jpg

Интегрален текст од соопштение до јавноста на ПП Левица

Приватната компанија поставила фотоволтаици над археолошкото наоѓалиште Градиште во Кавадарци, а за тоа добила зелено светло од Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија! Станува збор за поставување на панели, како и копање на довод на површина на опфат од фрапантни 0,9 хектари заштитена зона (археолошко наоѓалиште) оттуѓено од Република Македонија со потпис на Бојан Маричиќ!
​​​
Инвеститор е фирмата „Енерџи меинтененс солушнс“ (ЕМС), дел од конзорциумот „Фероинвест“, во сопственост на поранешниот вицепремиер на СДС, Кочо Анѓушев, управувана од Тодор Анѓушев!

Општина Кавадарци, пак, во август, 2023 добила барање од фирмата (уште пред да го откупи земјиштето) за урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на кабелски 10(20) кВ подземен вод!

По стручно мислење на лице од Националниот конзерваторски центар и по мислење од Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија дека НЕМА културно наследство на парцелите кои инвеститорот ги бара, Советот на Општина Кавадарци, ја изменува Програмата за изработка на урбанистички планови и ја објавува одлуката за тоа во бр.38 Службен гласник на Општина Кавадараци на 30.8.2023 година, три месеци пред, всушност, земјиштето да биде отуѓено! Одлуката е донесена со еден глас ПРОТИВ од советникот од редовите на Левица, Круме Богевски, и 18 гласа ЗА од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и „независните советници“!

Ја повикуваме новоназначената в.д директорка на Управата, Весела Честоева, која до пред два месеца беше директорка токму во Кавадарци, итно и неодложно да излезе во инспекција на фактичката состојба, а потоа Управата да покрене кривична одговорност: против Маричиќ, кој го продал археолошкото наоѓалиште; против претходниот директор на Управата, Аријан Асланај, и стручното лице од Конзерваторскиот центар, кое го издало мислењето!​​​​​​

Можете да прочитате

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско