Утрински Весник
Македонија

Левица: Исмаил со докази ги демаскираше дезинформациите на ДПМНЕ

Levica.webp.webp
Dik 300x250 mk

ДПМНЕ преку своите пропагандни медиуми намерно и со умисла пушта фотографија од собраниското бифе на која на иста маса седат пратениците Реџеп Исмаил и Муса Џафери, за да создаде лажен впечаток дека Левица е наводно во коалиција со ДУИ. Од партијата, а и пратеникот Исмаил преку демант на социјалните мрежи, реагираат дека станува збор за класична манипулација и обид да се излажат граѓаните поради падот на поддршката за власта. 

„Власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ, преку ‘куртон медиумите’ (како што сами се нарекуваат), забезекнати од нивниот вртоглав пад на добиени гласови, со ширење на лаги и манипулации се обидуваат да се извлечат од револтот и гневот на народот, кој грубо го прелажаa по преземањето на власта”, напиша пратеникот Исмаил.


Тој појаснува дека фотографијата е направена во пушалната во Собранието каде што се собираат сите пратеници – пушачи оти само таму можат да запалат цигара. Во прилог доставува и принт скрин од фотографијата на кој може да се забележи дека таа е објавена во јуни, а не сега како што тврдат од владеачката партија.

„Фотографијата е направена некаде во мај–јуни 2025 година, а доказ за тоа е што истата е објавена од страна на ВЛЕН некаде на почетокот на јуни оваа година за свои потреби (портретирање на Левица како антиалбанска)”, се вели во демантот.

Понатаму, во демантот, Исмаил појаснува дека Муса Џафери е претседател на Комисијата за надворешна политика, на која и тој е член, и дека комуникацијата се одвива единствено во рамки на собраниските активности.

„Декларација за признавање на Државата Палестина е блокирана во истата комисија веќе една година и не може да стигне до пленарна седница затоа што ционистичките пиуни од ВЛЕН, ДУИ и ДПМНЕ (по ова не е ништо поразлична и СДСМ) истата сложно ја саботираат во Комисијата. Јас скоро секогаш, пред закажана седница на Комисијата, го прашувам дали декларацијата ќе биде на дневен ред”, објаснува Исмаил.

Од Левица појаснуваат дека партијата никогаш не била, ниту ќе биде во коалиција со која било партија од транзициските елити, а особено не со ДУИ, против чии челници имаат поднесено и кривични пријави.

„Но добро, кога немате што да понудите, а сите изговори ви се веќе потрошени, разбирливо е да се служите со вакви гнасотилуци. На крај, сепак — ние ќе победиме!”, завршува Исмаил во демантот на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Расчистено намерно опожарување автомобил во Скопје, постапка против едно лице

Божиновска: Нема да останеме без гас, ќе има решение на ниво на Европската унија

Јани Бојаџи за „Утре наутро“: Филмот е инспириран од фаталниот 27 април 2017 година и се занимава со прашањето што после тоа