Утрински Весник
Македонија

Левица ќе поднесе иницијатива за разрешување на претседателката на Антикорупциска

Levica Logo Crveno Transparent.png
Dik 300x250 mk

Пратеничката група на Левица ќе поднесе иницијатива за разрешување на претседателката на Државна комисија за спречување на корупцијата, информираше денеска на прес-конференција пратеничката Јована Мојсоска појаснувајќи дека во Законот за спречување на корупција, член 14, изричито се предвидува дека претседателката на антикорупциска комисија може да се разреши доколку престанале да важат условите од член 11 од истиот закон.

-Во Член 11 се условите кои треба да ги исполнува председателката на антикорупциска комисија за да стане председател на ДКСК. Меѓу едни од условите во член 11 е тоа дека не смее да и биде изречена мерка за забрана за вршење на професија. Во овој момент на претседателката на Комисијата, Татјана Димитровска и е изречени мерки за забрана завршење на професија, нели таа повеќе од два месеца не оди на работа и токму тука ја наоѓаме законската основа во овој случај, да ја поднесеме нашата иницијатива до Комисијата за прашања на изборите и именувањата, појасни Мојсоска


Според неа постоечкиот Закон за ДКСК премногу ги штити функционерите на Комисијата и додава дека би требало да се разгледа можноста да се реформира тој Закон каде, како што рече, ќе се зголеми отчетноста и одговорноста на овие избрани функционери.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски откри дека 371 вработени се отпуштени од работа, се истражуваат големи малверзации во Комунална хигиена

Сторијата „По трагите на Јулија“ на 360° ја доби првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош