Утрински Весник
Македонија

Левица: Ќе доставиме докази до ДКСК за Томовски и фирмата „Сити Аутсорсинг”

Levica Logo Crveno Transparent.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Соопштение за јавност на Левица:

Бидејќи директорот на СОЗР Ивица Томовски одбива да одговори дали управителот на компанијата „Сити Аутсорсинг” е негов личен пријател, Левица ќе достави фотографии до Антикорупциската комисија, која отвори предмет за овој случај. 

Во оваа компанија која добила 5 милиони евра државни пари во тендери, како управител е заведено лице кое има бројни заеднички фотографии токму со Томовски, што ја потврдува поврзаноста на директорот на СОЗР. Заедничките фотографии ја отвораат дилемата дали управителот само формално фигурира во оваа компанија, која претходно беше во сопственост на семејството на Томовски?!

Потсетуваме дека името на компанијата „Сити Аутсорсинг”  претходно гласеше „Сити Логистик”. Како „Сити Логистик”, компанијата добила тендери од 60.000 евра со потпис на Мицкоски, кога тој беше директор на ЕЛЕМ. Јавното обвинителство мора да отвори истрага како фирма каде управител бил Томовски, а Мицкоски делел тендери – сега добива 5 милиони евра државни пари?!

Левица ќе ги достави сите докази кои ги поседува за оваа контроверзна компанија, која очигледно е параван за испумпување на државни пари за Мицкоски и неговите блиски соработници. За Левица е скандалозно што ОЈО не отвора ниту една постапка за компаниите каде се инволвирани соработниците на премиерот, што укажува дека апсолутистичкиот режим на ДПМНЕ целосно го има заробено правосудниот систем за да нема одговорност за нивните криминали.

Можете да прочитате

Полициски претреси на повеќе локации: Бујар Дардишта предмет на истрага

Советот на јавни обвинители ќе назначи ВД Јавен обвинител

Зајкова за новиот Кривичен законик: Се враќаме во времето на Маневски