Утрински Весник
Македонија

Левица: ДПМНЕ ги продолжува политиките на ДУИ – Меџити го промовираше спорниот Буквар на албански јазик

458181614 1042866127218638 6613841488785164181 N.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Интегрален текст од соопштение на Левица:

Во 2022 година од страна на МОН и БРО беше одобрен Букварот на албански јазик. Станува збор за заеднички буквар на Албанија и Косово, изготвен од тимот автори: Мимоза Ѓокутај, Саранда Кумнова, Насер Забели и Тереза ​​Бабасули, од кои двајца се од Косово, двајца од Албанија, а ниту еден од Македонија, што е и логично, бидејќи букварот е резултат на соработката меѓу министерствата за образование на Албанија и министерството за образование на Косово.

Тоа што не беше јасно тогаш – како и зошто се случил преседан да се преземе странски учебник во редовна настава која мора да биде унифицирана за сите ученици во државата, без оглед на наставниот јазик, не е одговорено ниту денес, кога спорниот учебник е веќе пуштен во употреба, како што утрово на социјалните мрежи се пофали министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, кој им го дистрибуирал Букварот на албански јазик на првоодделенците во ОУ „Лирија” во општина Чаир. 

Намерите на ВРЕДИ се јасни: политичка промоција и постепена операционализација на големоалбанските идеи преку сегрегација и индоктринација на децата уште од најмала возраст. 

Јасно е и дека власта предводена од ВМРО- ДПМНЕ дозволува да се девастираат сите институции, да се реализираат големоалбански идеи во државните училишта за државни пари, само за да се биде на власт од  лукративни причини.

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Вонреден инспекциски надзор на Клиниката за гинекологија по случајот со починато бебе