Утрински Весник
Македонија

Левица: ДПМНЕ да го напушти менталитетот на опозиција – сојузот со заевизмот да го бараат кај себе

Levica.webp.webp

Соопштение на Левица:

Наместо цела година да се однесуваат како немоќна опозиција, Христијан Мицкоски и ДПМНЕ конечно треба да излезат од амнезијата и да признаат дека нивниот коалициски партнер е истиот режим што вчера го нарекуваа криминален!


Максим Димитриевски, човекот што крвареше за Заев и агитираше за „Северна”, денес е нивен сојузник. Во оваа „нова, горда, ера”, изгледа крварењето за СДСМ се наградува со владеење од влезна врата;

Стојанче Ангелов, кој некогаш врескаше дека „ќе падне крв ако Заев биде апсен”, денес повторно е директор;

Зоран Димитровски, кој го опишуваше Мицкоски како лик со став „ни риба ни девојка”, сега е зaменик-министер во владата на Мицкоски;

Павле Трајанов, човекот кој седум години дремеше во Заевата власт како нем набљудувач, денес доби специјално измислена скапа функција – наменета за џаболебарење од буџетот.

Азир Алиу, поранешен министер во владата на СДСМ, сега е награден со клучниот ресор – здравство;

Орхан Муртезани, за кого ДПМНЕ тврдеа дека бил паразит во МЕПСО, денес е нивни министер за европски прашања. Очигледно, паразитите за нив преку ноќ стануваат пеперутки;

Изет Меџити, човекот што паразитираше 12 години во владата на СДСМ и ДУИ, и за кого ДПМНЕ тврдеше дека зел 450.000 евра провизија за плоштадот „Скендербег”, денес е прв вицепремиер и министер за животна средина и јавноста со ДПМНЕ на власт гледа многу вакви налудничави примери.

Ако не сте заборавиле што е власт- кажете јавно каде е Зоран Заев? Зошто не е уапсен? Дали неговото „одмарање” во Дубаи е всушност договорена заштита од ваша страна?

До каде е истрагата за Артан Груби кој „мистериозно исчезна” откако требаше да одговара? Или “бегството” беше по веќе добро познато сценарио?

Левица никогаш не донела никого на власт. Оние што го направиле тоа, ги гледаме денес во првите редови на Владата на Мицкоски.

Пред да се пенавите од паника и да штанцате соопштенија полни со лажни конструкции – погледнете си ја Владата. Тоа сте вие. Со Заев, со ДУИ, со СДС, со Северна.

Во нормална земја, човек кој до вчера глумеше патриот, а денес се прегрнува со речиси сите кои ги нарекуваше „предавници” – ќе немаше образ да се појави во јавност.

Христијан Мицкоски е политичка амеба без став и принципи. А уште повеќе, тој е морален Франкенштајн, составен од остатоците на заевизмот, со склопени парчиња од коруптивната дружина на СДСМ, ДУИ и сите што некогаш ги нарекуваше „непријатели на државата”.

Мицкоски е најголем политички лицемер во поновата историја – идеален пример за тоа како изгледа човек што ќе направи сè, ќе проголта сè и ќе сојузи со било кого, само за да биде на власт. А таквите, во очите на народот, не се ништо повеќе од инструменти на туѓи агенди и функционери без ‘рбет, без достоинство, без визија и без почит за сопствениот народ.

Левица нема да дозволи оваа алијанса на рецидиви од заевизмот и изветвени десничари да ја замајува јавноста. Со фрлање светки и мантрање „горда Македонија”, гнилото што сами го внесовте во Владата не се поправа.

Народот гледа и прерано ве прочита.

Можете да прочитате

СДСМ: Има ли „Алказар Енерџи”одобрение за градба или не, каков е бизнис интересот на Божиновска и Мицкоски?

Околу еден час се чека на ГП Богородица и Дојран, а 40 минути на Табановце

Словенечкиот тим од 61 пожарникар заминува од земјава, утре чешкиот „Блек Хок“