Утрински Весник
Македонија

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев 

Levicza 2.jpg

Соопштение за јавност на Левица:

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди директна дискриминација врз пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, сторена од страна на Државната комисија за спречување на корупција поради неуредна и невоедначена достава и ускратување на уставно загарантираното право на правен лек.

Оваа одлука претставува официјална потврда дека ДКСК извршила директна дискриминација и виктимизација врз Апасиев и политичката партија Левица, со цел да нѐ замолкне во обелоденување на аферите и критиките кон власта. Одлуката е последица на неправилностите и аферите во рамки на Комисијата кои Левица јавно ги разобличи пред македонската јавност. 

Потсетуваме дека по јавно изнесените факти за напријавените фирми на синовите кои добивале милионски средства од партиски каси, оставка поднесе антикорупционерката Цвета Ристовска. Дополнително, претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, поднесе оставка по предлог за разрешување доставен до Собранието од страна на Левица.

Во конкретниов случај, ДКСК му изрекува прекршочна казна на Димитар Апасиев за наводно неподнесен анкетен лист, без притоа да му биде доставено решение и без истото да биде објавено на официјалната веб-страница, како што тоа изрично го налага законот. Со ваквото постапување му е ускратено правото на правен лек, што претставува директна дискриминација.

Апасиев најавува тужба за надомест на штета и ќе бара одговорноста за незаконитото постапување да се утврди пред надлежен суд. 

Левица и натаму ќе продолжи да ги обелоденува коруптивните однесувања на функционерите во власта и нема да дозволиме институциите да се користат како инструмент за политички притисок и пресметка со оние кои ги разобличуваат коруптивните практики. Борбата за владеење на правото, еднаквоста пред законите и институционалната одговорност продолжува.

Можете да прочитате

Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари

Му ја одзеле возачката па ја пријавил како изгубена, кривична пријава за стружанец

Хоџа: Реален пресврт во управувањето со отпадот во Полошкиот регион