Утрински Весник
Македонија

Левица: Дел од пазарот во Драчево е дивоградба – општината оштетена за комуналии

Screenshot 20250626 180359 messenger.jpg

Соопштение за јавност на Левица:

Локалниот огранок на Левица од Кисела Вода денеска јавно излезе со обвинувања дека дел од пазарот во населбата Драчево претставува дивоградба, изградена спротивно на Деталниот урбанистички план (ДУП), без соодветни дозволи и без платени комуналии.


Според информациите до кои дошла партијата преку ГИС-порталот на Општина Кисела Вода, изградениот објект значително го надминува предвидениот габарит според урбанистичката маркица. Според Левица, станува збор за преку 1.000 квадратни метри нелегално проширување, за кои општината не наплатила комуналии, што претставува директна финансиска штета за локалниот буџет.

Според доставената пријава од 28 февруари 2025, општинската инспекција извршила увид на терен и потврдила дека АД „Сопски пазар“ гради дел без одобрение – со што се утврдува дека делот е дивоградба. Како резултат на тоа, издадено е решение за отстранување на градбата.

Отстранувањето на спорниот дел го изведува фирмата „Анизор“, на која на 24 април 2025 ѝ биле исплатени 2 милиони денари од општинскиот буџет, што ја отвора дилемата дали е рационално јавните пари да се трошат за исправување на урбанистички злоупотреби.

Дополнително, Левица алармира дека при изградбата биле оштетени два носечки столба и пресечена носечка греда, која моментално се држи со привремен метален потпор. Според партијата, постои сомнеж дека е во тек измена на ДУП, која треба да ја легализира дивоградбата – што би било уште една одлука во корист на инвеститорот, а на штета на јавниот интерес.

Од Левица потсетуваат на сличен случај кај т.н. „пластичарска улица“, каде првично оштетени носечки столбови доведоа до легализација и изградба на станбен објект – по истата шема.

Партијата бара од надлежните институции да го спречат можниот обид за легализација, да ја информираат јавноста за евентуалните измени на ДУП и да покренат одговорност за овозможување на урбанистички криминал.

Можете да прочитате

Усвоена Декларација за одбрана на професионалното новинарство на годишното собрание на ЗНМ

Интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд на 9 јули ќе се најде на собраниска седница

Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот никогаш не се преговарало, тие се потврдени со документи во ЕУ