Утрински Весник
Македонија

Левица: Дали власта спрема “бонбона бизнис” за нова компанија во бизнисот со оружје?!

Levica.jpg

Соопштение на Левица:

На денешната седница на Собранието, на Дневен ред се најдоа Предлог-измените на Законот за оружје, предложени по скратена постапка од пратениците од ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ. По однос на овие измени Левица претходно реагираше дека со овие измени на Законот за оружје по скратена постапка дополнително се либерализира трговијата со оружје и се загрозува безбедноста на граѓаните. Со овој Закон се предвидува физичко лице да набавува до 500 куршуми годишно, со што драстично се подигнува сегашната граница од 200 куршуми годишно по физичко лице. Дополнително, се овозможува физичко лице да врши неограничена набавка за сите видови оружје во Б и Ц категорија, наместо постоечките ограничувања кои се однесуваат само на набавка на пневматско оружје и нежлебени цевки. 


Од оваа причина, пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, денес побара овој Предлог-закон да биде повлечен од Дневен ред, но никој освеен пратениците од Левица не гласаа за тоа:

„Во услови кога Македонија е рекордер во однос на поседувањето на нелегално оружје, пратениците од ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ поднесуваат измени во скратена постапка со кои енормно ќе се либерализира продажбата на муниција. Во скратена постапка, без никaква дискусија во јавноста, кога секојдневно сведочиме на пукања по кафичи и престрелки пред полициски станици, вие поднесувате измени со кои на физичко лице му дозволувате да поседува 500 куршуми годишно, наместо сегашната граница од 200 куршуми годишно! Ако може, некој од подносители нека даде разумно објаснување: Како обично физичко лице ќе потроши 500 куршуми годишно, освен ако не сме ние во некоја предвоена состојба, а тоа не го знаеме?!” – апелираше со прашање пратеничката од Левица – Јована Мојсоска.

„Што говорат фактите: Во Македонија има над 620.000 парчиња огнено оружје од кои 450.000 се смета дека е нелегални.  Односно, повеќе од половина од оружјето во Македонија е нелегално. Тоа значи дека на 100 лица – 30 лица поседуваат оружје. Или, во Македонја секој трет поседува оружје” – истакна пратеничката.

„Ваквите Предлог-измени се спротивни и на изјавите на вашиот министер со неуспешна интерпелација, Панче Тошковски, кој пазете, самиот пред неколку месеци најавуваше дека МВР ќе иницира акции за расчистување со нелегалното оружје и засилување на мерките за поседување оружје. И сега, што прават пратениците од власта? Поднесуваат измени со кои драстично се зголемува количината за поседување муниција, а резултатот ќе биде муницијата да завршува кај оние 450.000 кои нелегално поседуваат оружје. И  бидејќи од ваквиот Закон, единственото корист може да има некоја компанија која треба да влезе во бизнисот со трговија, ако може некој од колегите да излезе и да каже: Која е таа компанија за која ќе се либерализира трговијата со оружје и муниција и со која дополнително ќе се еродира безбедносниот систем?!” – праша Мојсоска.

Можете да прочитате

Во понеделник ќе биде познат новиот гувернер на Народната Банка

Собранието го донесе Законот за енергетика – гласаа 62 пратеника

УНИЦЕФ: Без здравствена заштита се 20.000 деца во Македонија