Утрински Весник
Македонија

Левица: Дали со пожарот на Плакенска Планина во Демир Хисар се расчистува теренот за поставување на ветерници од приватен инвеститор?

Plakenska Planina 1.jpg

Република Македонија ова лето ја зафатија големи пожари а еден од најголемите беше на Плакенска Планина во демирхисарско, со кој локалните мештани од околните села заедно со надлежните институции, не можеа да се справат со денови.
На социјалните мрежи кружеа и видеа (види коментар) на кои се снимени огнени балони во воздухот над самата планина во касните вечерни часови, кои наведуваа дека планината се пали намерно и со причина.

Сега во јавноста излезе и елаборат изработен во 2023 година од извесен “Вертекс Енерџи” на кој детално се опишува планот на инвеститорот за изградба на Ветерен парк на самиот срт на Плакенска Планина – Ветерен парк “Вирово”, Општина Демир Хисар.

На елаборатот детално се опишани и штетните последици по биодиверзитетот, квалитетот на воздухот, зголемена бучава во регионот кој негативно ќе влијае по населението и животинскиот свет, исто така, во елаборатот е прецизно наведено дека планината располага со бројни извори, притоки, водотеци и реки за кои ќе постои зголемена опасност нивно загадување!

Дали со палењето на планината се расчистува теренот за приватен инвеститор да може да си постави ветерници и произведената електрична енергија да и ја продава на државата, останува да видиме.

Левица само пред неколку денови предложи ЗАКОН со кој се предвидува 50 годишна забрана за било каква урбанизација, градење на објекти, поставување на фотоволтаични централи и сеча на дрвја на опожарени подрачја, но Владата на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ гласаа против!

Можете да прочитате

Официјално примопредавање: Трајко Славески ја презема функцијата Гувернер на Народна банка

Се намалува долната граница на деца кои нудат и употребуваат дроги, ниедна институција не се занимава со овој проблем

СДСМ Прилеп: И по пет месеци, сѐ уште нема распределба на парите за спортските клубови