Утрински Весник
Македонија

Левица: Бизнис империјата на градоначалникот на Струмица расте – ТВ ВИС преземена од фамилијата на Костадинов

Левица: Бизнис империјата на градоначалникот на Струмица расте – ТВ ВИС преземена од фамилијата на Костадинов

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, решително чекори по стапките на својот претходник и ментор Зоран Заев, градејќи октопод од фирми во сопствеништво на блиски членови на фамилијата, со кои криминално се узурпира Струмица и струмичкиот регион, велат од политичката партија Левица.

dobivaj vesti na viber

„Како што пренесуваат медиумите, Костадинов, преку својот зет за сестра, ја има купено најголемата и највлијателна телевизија во Струмица и регионот, ТВ ВИС. Ова доаѓа откако пред неколку месеци фамилијата на Костадинов започна бизнис со дури ПЕТ фирми – две за производство на електрична енергија, две за градежништво и една автошкола.

Ова претставува директен обид од страна на СДС и Костадинов за воспоставување на медиумска контрола во градот и замолкнување на критиките за локалните проблеми кои ги мачат граѓаните на Струмица!

Нарушувањето на професионалноста и објективноста на ТВ ВИС, може да има особено негативни последици во однос на медиумското покривање на престојната борба на граѓаните против намерите на криминалната власт на СДС-ДУИ за отварање на рудникот на смртта во Иловица, за кој градоначалникот Костадинов воошто не изрази свој став и не излезе со граѓаните на протестната блокада, давајќи тивка поддршка за рудникот преку молк!

Левица се залага за ставање крај на децениското криминално дивеење на локалните бизнис и политички моќници на СДС во Струмица, запирање на неконтролираната приватизација на општинскиот имот за личен профит на неколкумина и истраги за криминалиите на бизнис клановите во Струмица“, се вели во соопштението на партијата.

Можете да прочитате

Вечерва седница на ЦО на СДСМ, ќе се бираат членови на раководството

Левица: ДПМНЕ дрско го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

СДСМ: Апсурдно, Мицкоски врши партизација а ветува деполитизација