Утрински Весник
Македонија

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите 

Levica.jpg

Партијата Левица изрази поддршка кон барањата на Сојузот на синдикатите на Македонија за покачување на платите. Сметаат дека барањата на ССМ се легитимни, оправдани од секојдновното зголемување на трошоците за живот и насочени кон подобрување на животниот стандард и почитување на работничкиот труд.

Од партијата посочија дека поминале речиси две години власт на ДПМНЕ и состојбата останува непроменета а граганите едвај го поминуваат месецот со минимална плата.

,,Ги повикуваме ДПМЕН, ЗНАМ и ВРЕДИ да се разбудат од илузијата. Мицкоски мора да избере дали ќе ја продолжи својата бизнис кариера и ќе му служи на крупниот капитал, прилепен во прегратките на Бранко Азески, или пак ќе почне да ја врши својата премиерска функција во служба на граѓаните. Мицкоски треба да разбере дека извршува државна функција која му налага да го штити послабиот од помоќниот, а не функција на статист во трипартитниот дијалог меѓу работниците, работодавачите и Владата.  Потсетуваме дека Левица минатата година поднесе Предлог – закон со кој требаше платите на сите работници да се зголемат за најмалку 100 ЕУР. Со тоа, минималната плата сега ќе изнесуваше 500 евра и ќе го избегневме дното во кое се наоѓаме моментално. Наместо тоа мнозинството на ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ одлучи експресно да го одби решението, удоволувајќи му на бизнис секторот.  Трошоците постојано растат, а работникот повеќе нема време за чекање. Затоа, Левица изразува недвосмислена поддршка на протестот на ССМ со јасно барање до Владата конечно да преземе конкретни мерки за подобрување на економскиот статус на работникот, што значи плата која овозможува достоинствен живот!” – посочија од партијата.

Можете да прочитате

СДСМ го поддржува протестот и барањата на работниците

Македонија реагира на соопштението на Бугарија: Го повикуваме дијалогот да се води според европските принципи

Блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата поради протест на возачи на камиони