Утрински Весник
Македонија

Левица: Беџети бил директор на ПИОМ без согласност од Влада – дали власта го штити од одговорност?

Levica.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на Левица:

Дритан Беџети, кадар од партијата Алтернатива на Гаши, девет месеци ја обавувал функцијата директор на Фондот за ПИОМ без согласност на Влада. Неговото (не)работење засега е проследено со две кривични пријави, додека извештајот на ДЗР потврдува основи за прекршочна и кривична одговорност од кадарот на Гаши. Неговата функција ја наследува Арсим Хасани од Алијанса.


Имено, ревизорскиот извештај наведува именување на Беџети за в.д. Директор од страна на Управниот одбор на Фондот за ПИОМ во февруари 2022 година со дадена согласност на Владата. Но, во јуни истата година, Управниот одбор на Фондот по спроведен јавен конкурс го именувал Беџети за директор, без согласност на Владата. Решение било донесено дури по девет месеци, а Беџети не добил согласност да биде прв човек на фондот за ПИОМ.

Недавањето согласност од тогашната Влада предводена од Ковачевски веројатно е поради политички пазарења. Тоа не го менува фактот дека Беџети ја обавува функцијата незаконски. За време на неговото незаконско директорување направени се бројни неправилности за кои се’ уште нема правни последици или поднесена одговорност.

Во септември за в.д. директор на ПИОМ назначен е портпаролот на ЗНАМ Никола Мемов. Од негова страна не е поднесена никаква иницијатива за одговорност од страна на неговите претходници и покрај огромните “дупки” во Фондот. Ова не само што укажува на заштита и неодговорност за политичките кадри во коалицијата на власт, туку и паралелно потврдува како партијата на Димитриевски ги штити функционерите назначени во владеењето на СДС. Левица повторно повикува на судска разврска на делата за кои се товари Беџети, како и доставување на документите до обвинителството за секоја утврдена неправилност.

Можете да прочитате

ОЈО бара одземање на пасошот на екс директорот на СОЗР – остварувал материјална корист за себе и за својата сопруга

Мицкоски: Денес ќе покренеме разрешување на Судскиот совет

Мицкоски и Перински на средба со новинари за теренските посети на општините „Каде срцето е дома“