Утрински Весник
Скопје

Левица: Јавните претпријатија под Град Скопје се пред колапс, ВМРО-ДПМНЕ не ги гласаше програмите

Levica.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Интегрален текст од соопштение за јавност на политичка партија Левица:

Веќе 6 месеца ДПМНЕ во Советот на Град Скопје не ги гласа Програмите за работа на јавните претпријатија под надлежност на Градот. Jавните претпријатија без овие програми не можат ништо да работат! 

Се поставува прашањето зошто и кому му оди во прилог инаетот што советничката група на ДПМНЕ во Град Скопје го води со актуелниот градоначалник, Арсовска?

Градоначалникот како извршен орган не може и не смее да презема дејствија без одлука на Советот, а откако ДПМНЕ ,,се скара” со сопствениот кандидат за градоначалник, не дозволува во Советот на Град Скопје да биде донесена било каква одлука во корист на граѓаните, освен БУЏЕТОТ на Градот и одлуките за платен паркинг во трговските центри во Скопје.

Веќе две години Град Скопје е заложник на меѓусебната ,,војна” на ДПМНЕ и Арсовска, а резултатот е очигледен – хаос и колапс на градот во секоја сфера.

Иако ДПМНЕ има мнозинство во управните одбори на јавните претпријатија во Скопје, тоа не ги спречува истите одлуки кои нивните членови ги гласаат во управните одбори, советниците на ДПМНЕ да не ги гласаат во Советот на Градот Скопје.

Можете да прочитате

Град Скопје најавува интензивирано чистење и тендер за одгаснување на Вардариште

Каролина, Тамара, Куку Леле и Пајак – Скопје ја пречекува 2026 со богата програма

Општина Кисела Вода израдува 7.000 деца со новогодишни пакетчиња