Утрински Весник
Македонија

Левица: Албанските партии пет месеци ја блокираат Декларацијата за признавање на Палестина поднесена од нас

Levica Logo Crveno Transparent.png

Соопштение за јавност на Левица:

На денешната седница на Собранието, пратеникот од Левица, Борислав Крмов, укажа на грубо кршење на Деловникот, парламентарната процедура и моралната рамнодушност во врска со Декларацијата за признавање на државата Палестина која пратениците од Левица ја поднесоа пред пет месеци, а истата сѐ уште не се најде на дневен ред.


„Левица има поднесено Декларација за признавање на државата Палестина уште на 8 ноември. Поминаа пет месеци, а Декларацијата останува закочена во Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија, под водство на Муса Џафери”, истакна Крмов, и го повика спикерот Гаши да ја закаже седницата согласно Деловникот.

„Прво и основно, го газиме Деловникот. И второ, имаме ли ние, колеги, и посебно Вие, претседателе, имаме ли ние совест воопшто во ова Собрание? Само пред некој ден гледавме видео каде после експлозија педесет метри во воздух летаа распарчени тела на мажи, жени и деца. А ние во Собранието не можеме да отвориме ни една најобична дебата.” – потенцираше пратеникот од Левица

„И за иронијата да биде поголема, гласачкото тело на двете партии или коалиции коишто ја кочат декларацијата на Левица (ВРЕДИ и на Европскиот фронт), всушност се најголемите поддржувачи на Палестина и на палестинскиот народ” – потсети пратеникот Кемов.

„Јас уште еднаш повикувам на совест на Собранието и посебно на Вашата совест, претседателе. Повикувам на разум, повикувам да имаме ад хок координација каде што ќе разговараме за овој процес, итно да го откочиме и конечно во ова Собрание да се проговори за геноцидот во појасот Газа, којшто ни се случува пред очи!” – апелираше пратеникот.

Можете да прочитате

Новиот градоначалник на Кочани: Состојбата во општината е хаотична, наместо 32 имаме 16 пожарникари!

МВР: Јавниот обвинител Коцевски не ја наруши полициската акција во Кочани

Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро, извести Царинската управа