Утрински Весник
Скопје

Левица Аеродром: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за мека сензорна соба за деца со сензорни потреби 

Levica.jpg

Соопштение за јавност на Левица:

На седницата за буџетот на Советот на Општина Аеродром, советничката Слободанка Ќириќ поднесе амандман за опремување мека сензорна соба, специјализиран простор без остри агли, целосно прилагоден за деца со сензорни потреби, побезбеден и пофункционален од класичните сензорни простории.

За жал, овој амандман беше одбиен од советничкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ.

Со ваквата одлука се пропушта можност за реална инклузија, поголема грижа и конкретна поддршка за децата и семејствата на кои ваков простор им е неопходен. Наместо вложување во хумани и безбедни решенија, повторно сведочиме на игнорирање на вистинските потреби на најранливите категории.

 Ќе продолжиме гласно и упорно да се бориме за инклузивна, хумана и одговорна општина, во која секое дете е важно.

Можете да прочитате

Се реконструира улицата ,,Светозар Марковиќ” во Центар

„Комунална хигиена“ во февруари собрала 11.000 тони комунален отпад

Братот и вујко на загинатите мајка и ќерка во скопски Карпош се огласи – тие беа жртви на семејно насилство