Утрински Весник
Скопје

Левица Аеродром: Експлоатација на сезонските работници во општина Аеродром

Levica.webp.webp

Соопштение на Левица:

Општина Аеродром со години ги третира сезонските работници како потрошна роба. Луѓе што секојдневно работат на терен, чистат, одржуваат и ја носат општината „на грб”, се оставени без основни услови за работа.

Советникот Михајло Димовски, директно посочува дека е очигледно дека сезонските работници не носат никакви униформи додека работат, ниту пак имаат некаква дополнителна опрема. Наместо тоа, работат во фармерки и немаат никаква заштита кога временските услови се навистина сурови.

Тие немаат обезбедено работни одела, немаат сигурност и стабилност. Наместо вработување на неопределено време, се држат на договори на дело, без права и без иднина.

Во општина која има милионски буџет, нема пари за достоинство на работниците, но има за сликање, маркетинг и празни проекти.

Трудот мора да се вреднува, а работниците да се почитуваат!

Аеродром не смее да биде општина на евтина работна сила и привремени решенија, туку општина со фер услови и сигурни работни места.

Можете да прочитате

Крводарителска акција во чест на хуманоста на Тоше Проески

Левица: Учениците  во училници без парно, градоначалникот Митевски си тера фотосесии

Герасимовски: Отворен конкурс за проекти што носат нова енергија на културната сцена на Општина Центар