Утрински Весник
Спорт

Левандовски ја мина границата од 600 гола во кариерата

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Полскиот фудбалер Роберт Левандовски, во победата на Барселона над Виљареал (3:0), ја мина границата од 600 гола во кариерата.
Левандовски два пати погоди против Виљареал, ги постигна 600. и 601. гол во кариерата. 34. годишниот напаѓач стана само третиот играч од 2000 година кој ја надмина границата од 600 гола во кариерата. Претходно тоа го направија Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Тој има постигнато 16 гола на 14 натпревари за Барселона во сите натпреварувања откако ова лето пристигна на „Ноу Камп“ од Баерн Минхен.

Во Баерн Левандовски постигна 344 гола на 375 натпревари, додека во дресот на Борусија Дортмунд на 186 натпревари 103 пати ја погоди мрежата.

Левандовски пред да дојде во Германија постигна 21 гол за Зних и 41 за Лех од Познањ, додека за полската репрезентација на 134 натпревари постигна 76 гола.

Можете да прочитате

РК Вардар ги пушти во продажба билетите за првиот европски натпревар

Веспрем е светски ракометен клупски првак

Евролига: Барселона загуби од Жалгирис, Баерн Минген го изненади Реал Мадрид