Утрински Весник
Свет

Летонија го доби првиот геј претседател

Летонија го доби првиот геј претседател

Едгарс Ринкевичс во Рига положи заклетва како претседател на Летонија. Тој од 2011 година ја извршуваше функцијата министер за надворешни работи.

dobivaj vesti na viber

Со тоа Летонија го доби првиот геј претседател. Ринкевичс (49) првпат призна дека е геј во 2014 година и оттогаш се залага за ЛГБТ правата. Хомосексуалните бракови во Летонија се нелегални, иако Уставниот суд минатата година ги призна истополовите заедници.

Парламентот на Летонија во мај го избра Ринкевичс за претседател на земјата во третиот круг на гласање. Претседателот на Летонија има церемонијална позиција, но може да стави вето на законите и да распише референдуми.

 

Можете да прочитате

Фрлени запалени шишиња кон куќа во Ѓорче Петров

Франција ја заострува безбедносната граница за токсин во формулите за бебиња

Иран за првпат потврди: За време на сузбивањето на антирежимските протести апсени и деца