Утрински Весник
Спорт

Лестер ја прифати понудата од „Стенфорд Бриџ“ – Фофана се сели во Челси

Барди со Трабзон против Звезда, Монако и Ференцварош

Весли Фофана (21), по денешнот натпревар помеѓу Челси и Лестер ќе стане нов член на клубот од „Стенфорд Бриџ“. Челси за трансферот на Фофана ќе издвои 85.000.000 евра.

dobivaj vesti na viber

Фофана ќе биде третото засилување за одбраната на Челзи, по Калиду Кулибали и Марк Кукуреља, за кои Челзи потроши 40 и 75.000.000 евра.

Ова значи дека по заминувањето на Антонио Ридигер и Андреас Кристенсен и извесното заминување на маркос Алонсо, Тухел за реконструкција на одбраната потроши 200.000.000 евра.

Французинот ќе потпише договор до јуни 2028 година, а се очекува да му се приклучи на новиот тим од понеделник.

Лестер од Фофана за само две години ќе заработи 50.000.000 евра. Во летниот преоден рок во 2020 година, Лестер на Сент Етиен, за услугите на Фофана му плати 36.500.000 евра.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина