Утрински Весник
Балкан

Лепа Брена итно оперирана: Снимен моментот кога камерманот падна врз пејачката

Lepa Brena Konc 800x494 1.jpg

Голежата балканска ѕвезда Лепа Брена е оперирана рано утринава, откако се здобила со страшна повреда на зглобот за време на концертот што го одржа синоќа во Арена Загреб.

Имено, по концертот кој го изведе додека беше повредена, Брена веднаш беше однесена на итна операција. Во меѓувреме се огласија организаторите на концертот, а беа откриени и првите информации за состојбата на Брена.


„Регионалната ѕвезда утрово имаше операција на зглобот. Операцијата е успешно извршена и пејачката се чувствува добро“, стои во соопштението.

Инаку, несреќата се случила кога член на екипата, поточно снимател, преку спуштен лифт паднал директно врз Лепа Брена, која била на платформата и чекала да излезе на бината.

Видеото погледнете го ОВДЕ.

Можете да прочитате

Уапсени десет лица во Грција за нелегален софтвер на бензински пумпи за точење помалку гориво од прикажаното

Албанија во 2025 година ја посетиле над 12,4 милиони странци

Бугарскиот претседател Румен Радев поднесува оставкa