Утрински Весник
Спорт

Леонардо Бонучи ќе игра за Унион Берлин во ЛШ

Леонардо Бонучи ќе игра за Унион Берлин во ЛШ

Германскиот бундеслигаш Унион Берлин го објави потписот на легендарниот дефанзивец на Јувентус, Леонардо Бонучи на слободен трансфер. 36-годишниот ветеран потпиша договор со германскиот клуб до следното лето, со опција за продолжување на уште една година.

dobivaj vesti na viber

Унион Берлин и „бјанконерите“ се договорија дека нема да има трансфер, Германците ќе го платат најголемиот дел од платата на играчот, која е 3,5 милиони евра годишно, а за останатото помага Јувентус.

Ова лето стана јасно дека Бонучи повеќе да игра за Јувентус и фудбалерот реши да замине и покрај тоа што имаше договор до 2024 година.

Нивниот историски настап во Лигата на шампионите ќе биде во групата против Наполи, Реал Мадрид и Брага.

Бонучи за Јувентус одигра 502 натпревари и постигна 37 гола. Тој е деветкратен шампион во Серија А, четирикратен освојувач на Купот на Италија, како и европски шампион со Италија на ЕВРО 2020 година.

„За мене е посебно што за првпат во кариерата направив чекор во странство. Во Унион имам можност да продолжам да играм на највисоко ниво и со моето искуство да го поддржувам тимот на неговиот пат низ три тешки натпреварувања. Гледам напред кон оваа нова станица во мојата кариера“, изјави Леонардо Бонучи за клупската веб-страница на Унион Берлин.

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо