Утрински Весник
Македонија

Ленче Николовска: 100 милиони евра од ИПАРД под знак прашалник, срамота за институциите

507053194 23899848043002184 2349279866144262324 n.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ленче Николовска, дипломиран земјоделски инженер и поранешен пратеник, преку својот фејсбук профил ја изрази загриженоста за состојбата со средствата од ИПАРД програмата.

„Луѓе, баталете ѓубрето во Скопје, од вчера 100 милиони евра од ИПАРД за земјоделците се под знак прашалник. Каква катастрофа, каков пораз за сите што учествувавме во развивањето и успешноста на Платежната агенција до сега. Најголем пораз и нервози за оние што ги инвестираа парите (милиони евра се во прашање) – постои ризик да бидат стопирани сите исплати“, напиша Николовска.

Таа посочи дека ова е големо разочарување за сите кои планирале да инвестираат и да се развиваат, сметајќи на оваа финансиска помош која е клучна за руралниот развој.

„Има ли крај на личните интереси, корупција и ненаситност ќе кажам, на луѓе на позиции. Срамота!“ – истакна Николовска, потенцирајќи дека ваквите ситуации ја загрозуваат довербата во институциите и развојот на земјоделството во земјава.

Можете да прочитате

2 милијарди долари турски инвестиции во Македонија

Градоначалникот на Лерин го стопира пеењето на македонски јазик

Србија ги демантира тврдењата: Македонија не забранила увоз на киви