Лекот „Трикафта“ е во државава од понеделникот, ова за „Макфакс“ го потврди претседателот на Асоцијацијата за цистична фиброза, Фики Гаспар.
„Лекот пристигна уште во понеделникот во земјава, но се уште не e дистрибуиран до клиниките, вели Гаспар додавајќи дека се чека да се завршат административните процедури.
„Сега треба да поминат бирократските процедури“, додава тој. Но, неофицијално, веќе в петок можеби пациентите ќе бидат повикани на Клиниката за пулмологија и на детската клиника за примање на самиот лек“, истакнува Гаспар.
Информираше дека денеска имале средба со новиот министер за здравство и разговарале за идните активности.
„Запознаени се со сѐ, ќе ја тераме работата како што ја тераме досега“, потенцира Гаспар.
Според најавите на надлежните, како што рече, 30 пациенти би требало да бидат опфатени со лекот до крајот на годината.