Минатата година Формула 1 возачот Шарл Леклер бркаше разбојници кои му го украдоа скапиот часовник во неговото Ферари.
Италијанската полиција дури сега ги објави снимките од април минатата година, откако неодамна го разреши случајот.
Грабежот се случил во провинцијата Тоскана, во градот Виареџо на следниов начин.
Двајцата осомничени се претставиле како обожаватели кои сакаат да се фотографираат со Леклер.
Кога тој се согласил, му го зеле часовникот Ричард Мил (Richarad Mille) 67-02 вреден 330.000 долари и побегнале со скутер.
Тие потоа го предале часовникот на две лица во сив џип.
Иако не се соочил директно со крадците, Леклер започнал потера со своето „Ferrari 488 Pista“ од 850.000 долари.
Da Napoli alla Versilia per rapinare orologi di pregio: i #Carabinieri arrestano 4 persone. Tra gli episodi documentati, la rapina di un prezioso orologio compiuta ai danni del pilota Charles Leclerc -> https://t.co/Hdzu5cUe9q pic.twitter.com/0wAIIuPFm1
— Arma dei Carabinieri (@_Carabinieri_) April 4, 2023
Го следел џипот и успеал да ги сними регистарските таблички, што најверојатно помогнало во идентификацијата и апсењето на криминалците.
Се се случи во април минатата година, а полицијата дури сега го заврши целиот случај, односно ги уапси криминалците.
Затоа дури сега се објавени снимките од надзорните камери.
При претресот на куќата на еден од осомничените, наводно биле пронајдени два вредни часовници, но не е прецизирано дали еден од нив е марка „Ришар Мил“.