Утрински Весник
Спорт

Леклер: Немам доверба во болидот

Леклер: Немам доверба во болидот

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, трката во Мајами ја заврши на разочарувачкото седмо место, а неговиот тимски колега Карлос Саинц беше петти, иако стартуваше од третата позиција.

dobivaj vesti na viber

Леклерк зборуваше за проблемите со болидот кои го мачат неговиот тим.

„Не можеме да го извлечеме максимумот од овој болид. Неверојатно тешко да се допре до негој. Сè уште сме многу далеку од тоа и се обидувам да најдам одговор на прашањето зошто сме толку добри во квалификациите, а на трките се мачиме како лудаци. Имаме многу работа пред нас. Едноставно немам доверба во овој болид, не знам како ќе реагира од свиок до свиок. Исто така, тој е чувствителен на ветрт“, рече Леклер.

Возачот од Монте Карло, минатата сезона му беше најголем конкурент во борбата за шампионската титула на Макс Ферстапен.

Ферари ја започна оваа сезона со големи амбиции, но моментално е само четврти во поредокот кај конструкторите.

По пет трки, Ред Бул е прв, а потоа следуваат Астон Мартин и Мерцедес.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина