Првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите, против Баерн Минхен, ПСЖ ќе го игра без Килијан Мбапе и Лионел Меси. „Лекип“, тврди дека тие нема да се рехабилитираат од повредите. ПСЖ игра лошо во новата година, пред два дена испаднаа од Купот на Франција.
Килијан Мбапе ги пропушти последните два натпревари на ПСЖ поради повреда на тетивата, но ќе пропушти барем ушта два, дербито со Монако во Лига 1 и дуелот со Баерн.
„Мали се шансите Мбапе да биде во составот за Баерн, но и доколку се рехабилитира, тој ќе биде резерва и ќе добие максимум 15 минути“.
Лионел Меси ја повреди тетивата во средата, кога ПСЖ беа елиминирани од Купот.
„Меси се повреди во Марсеј и дефинитивно нема да игра во Монако, а речиси сигурно нема игра и против Баерн“, пишува „Лекип“.
Мбапе од почетокот на сезоната има постигнато 25 гола, додека Меси е на учинок од 15 гола и 14 асистенции.