Утрински Весник
Свет

„Лекари без граници“ ги прекинаа основните медицински активности во Газа поради интензивираните израелски напади

20250927081551 big 730x400 14.webp.webp

Израелската офанзива во градот Газа ги принуди „Лекари без граници“ да ги прекинат своите основни медицински активности во областа поради брзо влошената безбедносна ситуација, објави синоќа меѓународната хуманитарна организација на својата официјална веб-страница.

– Ескалирачките напади од страна на израелските сили создадоа неприфатливо ниво на ризик за нашиот персонал, принудувајќи нè да ги прекинеме медицинските активности што спасуваат животи, соопшти невладината организација, додавајќи дека израелските воздушни напади и напредните тенкови се на помалку од еден километар од нејзините здравствени установи.


Координатор за итни случаи на „Лекари без граници“ во Газа, Џејкоб Гренџер наведе дека организацијата нема избор освен да ги прекине активностите бидејќи нејзините клиники се опкружени со израелски сили“.

– Тоа е последното нешто што го сакавме, бидејќи потребите во градот Газа се огромни, а најранливите луѓе – новороденчиња во неонаталните одделенија, луѓе со сериозни повреди и болести опасни по живот не се во можност да се движат и се во голема опасност, додаде Гренџер.

На 16 септември, израелската војска почна голема офанзива врз градот Газа, со цел да го уништи последниот голем бастион на Хамас.

Можете да прочитате

Неидентификувани дронови надлетувале над најголемата воена база во Данска

Трамп: Се водат интензивни разговори со земјите од Блиски Исток за изнаоѓање на решение за конфликтот во Појасот Газа

ЕУ планира укинување на правилото за согласност за интернет „колачињата“