Утрински Весник
Свет

Легионерската болест однесе 23 животи во Полска: се бара изворот на инфекцијата

Легионерската болест однесе 23 животи во Полска: се бара изворот на инфекцијата

Во Полска до 11 септември се пријавени вкупно 23 смртни случаи поврзани со легионерска болест, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

dobivaj vesti na viber

Пријавени се вкупно 166 случаи на оваа болест, соопшти СЗО, додавајќи дека од 7 септември не е регистриран ниту еден нов случај, пренесе Ројтерс.

Легионерската болест, предизвикана од бактеријата Легионела, може да доведе до тешка форма на пневмонија.

Според СЗО, најчестиот облик на пренос е вдишување на контаминирани аеросоли произведени заедно со прскање со вода, млазници или преку загадени извори на вода.

Во август, властите објавија дека полската агенција за внатрешна безбедност истражува дали појавата на легионерска болест може да биде резултат на намерна контаминација на водоводниот систем.

Изворот на заразата се уште не е идентификуван и во тек е истрага за да се открие изворот на епидемијата, соопшти СЗО.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата