Интегрален текст од прес-конференција на Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ:
Почитувани,
СДС врши упад во Академијата за судии и јавни обвинители, покрај тоа што Советот на обвинители и Судскиот совет назначија свои членови во УО на истата, кои немаат право да ги назначат, за заменик член во Академијата ја назначија и Емел Кранли, братучетка на Ветон Кранли, началник на организирам криминал во време на Спасовски.
Емел Кранли, е назначена за заменик на Антоанета Димовски, која е сестра на Снежана Калевска Ванчева од СДС.
Ветон Кранли беше десна рака на Оливер Спасовски во МВР. Очигледна е партиската поврзаност при назначувањето на неговата братучетка во УО на Академијата за судии и јавни обвинители.
СДС со последни сили се обидува да ја партизира Академијата.
Очигледно е дека Судскиот совет и Советот на јавни обвинители делуваат како испостава на СДС.
Упадот во Академијата за судии и јавни обвинители е диригиран од СДС.
Најновите назначувања во УО на Академијата за судии и јавни обвинители се спротивни на закон и истите треба да се повлечат.
Очекуваме Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да ги преиспитаат своите одлуки, а ДКСК и ЈО да реагираат по овој упад диригиран од СДС, а извршен преку двата совети.